30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Брнабиќ го покани Заев да ја посети Србија и да одржат заедничка владина седница

Српската премиерка Ана Брбабиќ денеска во Драч изјави дека го поканила македонскиот премиер Заев да ја посети Србија во ноември годинава, јави известувачот на МИА.

– Неговата посета ќе ја искористиме за договор за заедничка седница на двете влади, истакна Брнабиќ.

На новинарско прашање дали ветувањето за неутралност во однос на прашањето за влез на Косово во УНЕСКО било разговарано со Заев, Брнабиќ рече дека разговарале и за тоа и дека се на иста линија, како и дека на Македонија и е многу важно пријателството со Србија и тоа прашање да не се отвора.

поврзани објави

Последни објави