Шампионот на Шпанија и Европа беше цел на хакери, Реал Мадрид на социјалните мрежи го најави трансферот на првата ѕвезда на лутиот ривал, Лео Меси
Пред неколку денови беа хакнати акаунтите на Барселона на социјалните мрежи, и на шега беше соопштен трансферот на Ахел Ди Марија.
Хакерите не го одминаа ниту Реал Мадрид, утрово на социјалните мрежи осамна порака со која беше соопштен трансферот на Лео Меси на Сантијаго Бернабеу.
„Добредојде Меси“ – гласеше пораката на Твитер на неколку јазици.