30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравствениот систем

„Лажни и лицемерни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни пропусти во здравството бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ заради задоволувањето на корпутивните апетити на Никола Груевски и Никола Тодоров, го урниса здравствениот систем и ги понижи пациентите и лекарите.

Коруптивно и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништено здравство, клиники и болници во долгови, неупотреблива опрема и дефицит на медицински кадар.

Наместо таквиот пристап, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во здравството и преку посветена работа ги подобрува условите во здравството во интерес на сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави