10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Такева најави тужба против градоначалникот Наџински

Новинарката на ТВ Стар, Даниела Такева најави дека ќе поднесе тужба против градоначалникот на Берово, Драги Наџински поради неговите коментари на социјалната мрежа Фејсбук.

„Не сакам да ги коментирам навредите, ова не е прв пат да бидам навредувана од Наџински. Никој не смее да навредува на таков начин, а најмалку човек кој ја носи функцијата градоначалник. Поради ваквиот однос, ќе поднесам тужба против Наџински“, ни изјави Такева.

Од ТВ Стар изразија поддршка за својата новинарка во целиот процес. Уредникот Оливера Жежова за сајтот на телевизијата искоментира дека ТВ Стар ги прекинува сите релации со институцијата градоначалник на Берово, додека нејзин вршител е токму Наџински.

За скандалот ТВ Стар писмено ќе ги информира сите новинарски здруженија, Хелсинскиот комитет за човекови права, странските амбасади, мисијата на ОБСЕ и останати домашни и меѓународни релевантни институции, но и партискиот лидер на Наџински, Груевски за да види какви градоначалници од неговата партија ги водат општините.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави