25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Честитка од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Успение на Пресвета Богородица

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповест им го честитаат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, посакувајќи им да го поминат во кругот на семејството и своите најблиски, со среќа, радост и љубов.

– Денес е денот кога мајката Божја не потсетува на безрезервната љубов и мајчинската грижа, трпеливоста, мирот и скромноста, чистината на човечката душа, но и не води кон вистинскиот пат по кој треба да чекори секој еден човек, секој еден христијанин, стои во честитката.

Со празнувањето на овој голем ден, како што посочуваат од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура и токму тоа е она што ни дава духовна сила и не води кон патот на радоста.

– Овој празник не потсетува дека треба да покажуваме разбирање и толеранција, да научиме да простуваме и да сакаме, да ги почитуваме највисоките морални вредности бидејќи само тоа е клучот кој води кон исполнет и среќен живот, се наведува во честитката.

поврзани објави

Последни објави