Со помош на Фенг Шуи, може да се привлечат повеќе пари и подобри можности за бизнис. Парите се поврзани со поблискиот лев агол на секоја дадена област. Главната област е во најужниот агол на станот, но постои и подрачје на финансии во секоја просторија, работна соба, спална соба и кујна.
За да истата се исполни, треба да се испочитуваат едноставни и брзи совети.
1. Исчистете го нередот во овие подрачја. Доколку се ослободите од непотребните работи ќе привлечете позитивна финансиска енергија.
2. Поправете ги сите работи кои што се скршени или нефункционални. Се што не работи не би требало да го држите во овој простор, но и генерално во својот дом
3. Исполнете ги овие подрачја со симболи на богатство. Тоа се работи со монети, среќен бамбус или било кој друг предмет, што го симболизира богатството. Овие можат да бидат лични симболи, како што се слики луксузен дом што го сакате, модел на некоја јахта или луксузен автомобил кои го посакувате.
4. Финансиската област дома пополнете ја со зелено и виолетово. Зелената боја ја симболизира виталноста и растот, додека виолетовото е боја на богатството.5. Обрнете внимание на тоа како се однесувате кон парите секојдневно. Ги чувате ли парите несортирано и неуредно во џебовите?! Од паричникот исфрлете се што не ви е потребно. Парите уредно ставете ги, а кон секоја сметка однесувајте се како да ја цените и да има голема вредност.
6. Ако одбивате да се занимавате со парите, исто и тие ќе се одбиваат од вас. Поради тоа забележувајте ги трошковите, плаќајте ги сметките и слично.