25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Аневски поднесе оставка од функцијата

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денеска поднесе оставка од функцијата. Аневски на чело на Советот на јавни обвинители застана во 2014 година, а во 2016 година беше и реизбран при што неговиот избор наиде на реакции дека е незаконски бидејќи тој како Претседател на Советот има право само на еден мандат.

Советот на јавни обвинители денеска требаше да одржи седница за да се назначи вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски. Седницата требаше да се одржи на 24 април, но поради немање кворум беше презакажана за денеска.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

поврзани објави

Последни објави