Дарио Николовски, секретар општинскиот комитет на СДСМ во Гази Баба и координатор на советничката група на социјалдемократите во оваа скопска општина, е назначен за нов директор на Агенцијата за странски инвестиции.
Николовски е дипломиран правник, кој работел во шпедицијата Караорман и во компанијата со мешовит капитал Ѓиан Вики, каде бил раководител на секторот за човечки ресурси.
Тој на челната позиција во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот доаѓа на местото на Висар Фида, кој ја вршеше оваа функција во владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.