30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

На Чави му се погоди во Катар – на сета заработка си доби и милионче на лотарија

Еден од најдобрите фудбалери во поновата историја на фудбалот во Шпанија, Чави веќе неколку сезони настапува во Катар каде што ги брани боите на АЛ Сада.

Шпанскиот фудбалер кој најблескавите моменти во кариерата ги помина во Барселона, сега во Катар по сезона заработува 5 милиони евра.

На сета заработка играчот за врска деновиве се збогати дополнително и тоа по лотарија спроведена од „Банка Доха“.  Чави откако отворил сметка во споменатата банка станал потенцијален добитник на главната награда во наградната игра која ја спроведе „Банка Доха“.

Токму шпанскиот интернационалец од редовите на АЛ Сада беше најсреќен и го доби чекот од 1. милион катарски рели, односно 220.000 евра

„Ова е неочекувано, но добро изненадување. Среќен сум што моите пари ги вложив токму во оваа банка“, изјави Чави при подигањето на наградата.

 

 

поврзани објави

Последни објави