27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

НДМ: Заев да бара одговорност и за вработените од ДУИ кои седат дома, а земаат плата

„Народно движење за Македонија ja поздравува решеноста на Владата да ги бара парите назад за 166 административци кои биле ставени на платниот список на Владата и земале плата, но седеле дома со што го оштетиле буџетот за 800 илјади евра.

Меѓутоа, НДМ го осудува селективниот пристап на владата, бидејќи бара одговорност само за вработените 166 Македонци вработени по партиска линија од власта на ВМРО-ДПМНЕ, а притоа не се бара одговорност и за 1.611 Албанци вработени по партиска линија од ДУИ во владиниот Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, кои исто така земаат плата, а седат дома, со што се оштетува буџетот.

Значи, за иста фактичка и правна ситуација, Владата на Зоран Заев се сили спрема Македонците, а целосен молк спрема Албанците.

НДМ силно го охрабрува премиерот Заев да не се плаши од Ахмети и да побара одговорност и за вработените во владата по партиската линија на ДУИ.

Во спротивно, Македонците се третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава, односно, законите важат за сите, освен за Албанците кои стануваат миленичиња на било која власт во државата“, се вели во соопштението на НДМ.

поврзани објави

Последни објави