-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СВЕТОТ БЕСЕН: “Сите опции се на маса, што е доста, доста е“

Во светот владее бес и загриженост по најновата ескалација на кризата, откако Пјонгјанг лансираше ракета која ја прелета Јапонија и падна во Тихиот океан.

Обновувањето на кризата со Северна Кореја беше доволна причина за светските сили да го осудат таквиот потег на Пјонгјанг, но и берзите затоа што цената на златото, скокна на највисоко ниво оваа година.

Во Токио се бесни, во Москва, Пекинг и Брисел се загрижени и повикуваат на почитување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации, а од Вашингтон претседателот на САД Доналд Трамп опрачува: “Сите опции се на маса“.
Трамп рече дека постапките на Северна Кореја покажуваат презир спрема нивните соседи

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли оцени дека најновото лансирање на ракети од Северна Кореја е апсолутно неприфатливо и неодговорно и го повика Советот за безбедност на ОН да преземе посериозна акција по однос на ова прашање. Пред новинарите, претставничката на САД рече дека Северна Кореја ги прекршила сите резолуции на Советот за безбедност на ОН и затоа мисли дека нешто сериозно мора да се случи.

Што е доста, доста е“, рече Хејли, која се надева дека КИна и Русија ќе продолжат да соработуваат со останатите учесници во Советот за безбедност на ОН, за да се разговара за нукеларните и ракетни програми на Северна Кореја.

поврзани објави

Последни објави