Деновиве но и во изминатиот период наназад одредени поединци од ДПМНЕ постојано се обидуваат преку разноразни спинови и тотални невистини да го оцрнат името и делото на ВМРО НП. Она што е специфично во целата ситуација е дека таквите напади кон Народна партија од луѓе блиски до Градоначалникот Шехтански доаѓаат во периоди кога во ВМРО-ДПМНЕ членството е поделено и раскарано, па “револуционерите“ блиски до таткото на градот во обид да го затскријат фактот дека не се единствени и сплотени како некогаш, ја користат тастатурата и компјутерот како средство со кое ќе се одбранат и нападот но и вината ќе го насочат токму кон нашето членство, нашиот лидер и нашата партија.
ВМРО НП одбива да биде алатка за поткусурвање во внатрепартиските пресметки на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево. Нашата партија се надева дека големиот “револуционер“ Дарко Шехтански ќе собере храброст да се појави како кандидат на претстојните локални избори, но се сомневаме дека тоа ќе се оствари бидејќи самиот е свесен дека ќе доживее дебакл а исто така ќе мора да им објасни на граѓаните на Делчево какво и дали воопшто има завршено високо образование. За разлика од високи функционери на Делчевскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ (потпретседател на ОК на ДПМНЕ, поранешен претседател на УМС на ОК на ДПМНЕ и други бројни членови) кои на одредени анкети на ФБ гласале против реизбор на господинот Дарко Шехтански за кандидат за Градоначалник, ние од ВМРО НП го поддржуваме и со срце го повикуваме да се исправи против нас на претстојните локални избори, стои во соопштението до јавноста на ОК на ВМРО НП Делчево.