7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ѓорѓиевски: На СДСМ им треба притисок кон ДИК и судиите од Управниот суд за да победат на локалните избори

СДСМ е во очај и знае дека ќе ги загуби изборите па затоа им треба притисок и кон членовите на ДИК и кон судиите од Управниот суд кои би одлучувале по жалбите, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски изјави дека СЈО и натаму е во служба на СДСМ, а не на Законот и правдата и дека народот ги гледа антидржавните политики на партијата и на Зоран Заев, па затоа тие заедно со СЈО се избезумени.

– Целиот период наназад СЈО конструираше неиздржани политички обвиненија по нарачка на Заев за што требаше да се покаже дека сите се исти во политиката. Тие го ослободија Заев и Верушевски од кривичен прогон од една страна, а од друга се обиде со монтираните случаи да го релативизира правното барање на поткуп од „едно евро за Вицето“. Затоа сега гонат судии за донесена пресуда и вршат притисоци за повлекување на судскиот имунитет. За жал на притисоците подлегна и Судскиот совет правејќи невиден правен преседан, вели Ѓорѓиевски.

поврзани објави

Последни објави