Француската полиција синоќа ја опколи Ајфеловата кула, каде туристите речиси еден час беа „блокирани“ поради маж кој се „однесувал сомнително“, што предизвикало страв и паника од евентуален терористички напад.
Локалните медиуми информираат дека Ајфеловата кула била евакуирана, посетителите останале затворени во лифтовите, а мажот кој извикувал „Алах акбар“ бил уапсен.
Кај уапсениот маж не било пронајдено ниту оружје, ниту друг сомнителен предмет.
Истовремено, во Париз била евакуирана и Северната станица. Патниците на таа железничка линија изјавиле дека полицијата пронашла сомнителен пакет.