7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

(ВИДЕО) Марин: Аеродром ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ

Ви благодарам на укажаната доверба да ја предводам битката за промени во Аеродром.

Последните осум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски ја уназадија општината и го влошија квалитетот на живот на граѓаните. Една од најурбаните општини, денес е една од најзагадените општини каде што владее градежен хаос. Улиците се полни со дупки, има проблем со пристапните патишта, застарените водоводни мрежи и запоставената инфраструктура.

Граѓаните секојдневно водат битки за паркинг место, а во градинките и училиштата веќе одамна не постојат слободни места.

Листата на проблеми на жителите на општина Аеродром е долга и широка а причината за тоа е една – катастрофалното работење на Коневски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминативе години, Коневски не само што ги игнорира желбите на граѓаните, туку и отворено работи против нив. Градоначалникот во заминување троши илјадници и илјадници евра на празни реклами, а многу малку инвестира во решавање на главните проблеми на граѓаните. Само 5% од буџетот се инвестирани во капитални инвестиции секоја година.

Граѓаните на Аеродром не заслужуваат ваква коруптивна и неодгoворна власт. Граѓаните на Аеродром заслужуваат локална власт која ќе го слуша нивниот глас и ќе ги следи нивните потреби, и ќе ги решава нивните проблеми.

По победата на 15 октомври, општина Аеродром ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ. Новиот градоначалник и Совет на општината, заедно со централната власт ќе работат на санирање на штетите од владеењето на Коневски и ќе го унапредат квалитетот на живот во општината.

Прво, по преземање на власта на 15 октомври, ќе го запреме градежниот хаос. Ќе направиме ревизија на ДУП-овите со цел да се намали градежната експанзија. Урбанизација ќе има само во неурбанизираните делови, а ќе ја запреме градежната експанзија во урбаното јадро. Ова е еден од главните приоритети.

Второ, ќе се бориме против загадувањето со конкретни национални и локални мерки. Здравјето ќе биде пред профитот.

Преку силна финансиска поддршка ќе се поттикнат домаќинствата да користат еколошки огревни материјали. Ќе понудиме паркинг решение за цел Аеродром. Ќе отвориме комунално претпријатие во склоп на локалната самоуправа, кое ќе се грижи за хигиената и уредниот лик на нашата општина.

Чест ми е што по победата на локалните избори ќе имам привилегија заедно со вас да работам само и само во интерес на општина Аеродром и нејзините граѓани“, изјави Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром.

поврзани објави

Последни објави