Огромен револт владее помеѓу навивачите на македонската фудбалска репрезентација по информацијата од ФФМ дека картите за Македонија – Албанија се распродадени. На денешната официјалната прес-конференција пред утрешниот дуел беше потенцирано:
„Карти скоро и да нема, целиот стадион речиси комплетно се продадени, а останат е уште еден сосема мал дел кои се продаваат, како што беше и претходно објавено, на местата од продажната мрежа на МкТикетс меѓу кои и во Струмица“, велат од ФФМ.
Сепак навивачите на оваа инфромација преку социалните медиуми жестоко реагираа и обвинија дека карти воопшто немало во слободна продажба и сето ова е сценарио на ФФМ.