Некогашниот повеќекратен ракометен шампион на Македонија во машка конкуренција, Металург по три сезони минати во агонија, се чини конечно ги консолидира своите редови.
Од таборот на клубот од „Автокоманда“ стигнуваат информации дека сите побарувања кон ракометарите и останатите вработени се комплетно подмирени. Се чини првиот човек на клубот Минчо Јорданов се смилува и реши своето „милениче“ повторно да го врати на славните патеки.
Овој момент може слободно да се протолкува дека од Металург гледаат шанса, со најавеното повлекување на Сергеј Самсоненко од Вардар, повторно да се вмешаат сериозно во борбата за домашните титули.