5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ЕЛЕМ: Менаџментот не размислува за продавање на компанијата

Менаџментот на АД „ЕЛЕМ“ попладнево преку соопштение ги демантираше информациите за продажба на компанијата.

Во соопштението се наведува дека менаџментот на компанијата во ниту еден момент не размислува за продавање.

– Новото раководство работи единствено во правец ЕЛЕМ повторно да биде столб на енергетската и економската стабилност и независност на Македонија. Досегашниот увид кој е направен покажува дека во изминатите 11 години во компанијата се работело во спротивен правец, односно на ослабување на ЕЛЕМ и на целиот енергетски сектор, се истакнува во соопштението.

Во врска со посебниот владин советник за економија и контакти со земјите од регионот, Александар Обрадовиќ, од АД ЕЛЕМ велат дека Обрадовиќ е должен да ги даде своите услуги на сите државни субјекти кои имаат потреба од одредена експертиза. – АД ЕЛЕМ се обрати до советникот Обрадовиќ за мислење за идни развојни проекти на компанијата, особено во делот на стратегии за обновливи извори на енергија, се вели во соопштението.

поврзани објави

Последни објави