Најдобриот фудбалер на Македонија за 2012 година, Агим Ибраими по година ипол агонија со Астана и повредите ќе се обиде да се врати сериозно на фудбалот.
Ибраими се враќа во државата каде што помина најголем дел од својата кариера, поточно во Словенија. 29. годишниот македонски фудбалер потпиша за Домжале, тим каде што веќе има еден наш интернационалец, Зени Хусмани.
Претходно во кариерата, Ибраими има играно и за Марибор, Олимпија Љубљана, Нафта, како и Астана во Казахстан, Ред Бул Салзбург во Австрија, Каљари (Италија) и Ексишехириспор во Турција.