3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Груевски: Поради односот на Владата ќе изгубиме 60-тина фирми кои сакаа да инвестираат во Македонија, можност 25.000 луѓе да се вработат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски продолжува со теренските активности и посети на населените места ширум државата, каде ги слуша проблемите и потребите на граѓаните. Тој денеска во посета на Зелениково на новинарско прашање околу информациите дека одредени странски компании сакале да ја напуштат Македонија, кажа дека се плаши дека работите со странските инвеститори ќе одат во лоша насока.

Според она што досега го гледам во минатите три месеци или 100 дена од владата, веќе е јасно дека се креира атмосфера дека странските инвеститори се непожелни. Тие станаа предмет на жигосување, дека многу земале од државата, многу им се давало, ќе се објавуваат нивните договори што ги склучиле за помош од државата. Ќе се стават во една непријатна ситуација да или не го продолжат своето ширење тука и нови капацитети, може некои од нив и да заминат, а што е најлошо ќе се одвратат многу што се во план да доаѓаат, изјави Груевски.

Груевски потенцираше дека во наследство на новата Влада оставиле 60-тина компании со кои биле во длабоки преговори, во финална фаза да влезат во Македонија, во ситуација во која беа пред носење одлука или веќе имале интерна одлука да инвестираат во Македонија.

-Со оваа лоша клима во овие три месеци и неколку денови, се плашам дека најголем дел од овие компании ќе ги изгубиме и нема да дојдат да отворат нови работни места, а доколку би се реализирале сите тие 60-тина би отвориле 25.000 нови работни места, изјави Груевски.

Груевски кажа дека овој однос од страна на Владата е деградирачки од страна на Владата, тоа е испраќање сигнал дека се непожелни, дека не се посакувани. Тој напомена дека со нивното жигосување преку објавување на договорите за државна помош која што се дава во секоја држава, па и во Македонија, практично ќе ги одврати новите инвеститори, тие ќе бидат се помалку.

Инаку, како што вчера објави Курир, постојат информации дека три големи мултинационални компании се пред одлука да ја напуштат Македонија, па покрај 25.000 нови работни места кои ќе ги изгубиме поради односот на Владата, како што кажа Груевски, без  работа можно е да останат и повеќе од 2.000 лица кои веќе работат во компаниите кои размислуваат да си заминат.

поврзани објави

Последни објави