Состојки:
– 6 парчиња пилешки гради
– 1/4 лажичка сол
– 6 прстофати црн бибер мелен
– 1 филџан мед
– 1 филџан сенф
– 1 лажичка босилек
– 1 лажичка црвен пипер
– 1/2 лажичка сушен магданос
Подготовка:
Рерната загрејте ја 175 ° C. Пилешките гради зачинете ги со сол и бибер по вкус и ставете ги во намрсена тава. Во мала чинија измешајте ги медот, сенфот, босилекот, црвениот пипер и магдоносот. Промешајте добро. Половина од оваа смеса ставете ја врз пилешкото и убаво нанесете ја со четка. Печете околу 30 минути. Потоа пилешките гради свртете ги на другата страна и намачкајте ги со остатокот од смесата со медот. Оставете го месото да се пече уште 10-15 минути.
На здравје!