Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не го крие задоволството од враќањето во Лигата на шампионите по пауза од речиси две години.
Последен пат во елитното натпреварување учествуваше во сезоната 2015/16, но само во групната фаза бидејќи потоа доби отказ од тимот на Челси. Сега има нов предизвик, а тоа не е само титулата во Лигата на шампионите.
“Враќањето во ЛШ е добро за фудбалерите, добро за мене и добро а клубот. Знам дека во моментов сум меѓу првите пет или шест по бројот на натпревари во Лигата на шампионите, но уште сум далеку од рекордот на Алекс Фергусон. Сепак, ќе се борам со сите сили да го соборам”, изјави Мурињо.
Рекордот на Фергусон изнесува 194 натпревари, а Мурињо во моментов е на 133. Јасно е дека сезонава не може да го достигне, но во годините што претстојат сигурно дека ќе влезе во игра за врвот.