Диверзификацијата на економијата и отворањето на нови можности за динамичен раст на општеството се неопходни за одржлив развој на Црна Гора. Државјанство преку инвестиции е еден од таквите потенцијали што секој треба да ги валоризира.
Посебно ако се има во предвид дека како атрактивна туристичка дестинација имаме и конкурентна предност во брзорастечката индустрија на економски државјанства, која според некои процени достигнува и до 3 милијарди евра, наведува во анализата претседателот на Атлас Групата и Универзитетот медитеран, Душко Кнежевиќ.
Позитивни модели на имплементација на програмот на државјанства преку инвестиции имаме во медитеранските земји, членки на ЕУ: Малта и Кипар. И двата примера упатуваат на значајни нови извори на финансирање на државниот буџет на малите медитерански економии и програми кои се витални за динамичен и одржлив развој на општеството.
Од 2013 година, кога е воведена програмата за економско државјанство, се проценува дека Кипар има инкасирано 4 милијарди евра со привлекување на богатата светска клиентела која бара нови можности за работење. Кипар им овозможува на странците државјанство преку инвестиции во недвижности во висина од 2 милиони евра или со купување државни акции и удели во кипарските компании во вредност од 2,5 милиони евра. На овој начин, значајно се подигнува вредноста на недвижнините и се обезбедуваат нови извори на финансирање на државниот буџет и економијата.
Индивидуалната инвестициска програма, името под кое се реализира програмата на економско државјанство на Малта, предвидува за странските државјани минимум инвестиција од 880.000 евра од кои поголемиот дел оди во Националниот развоен фонд на Малта, кој го финансира здравството, образованието и отвора нови работни места.
Дел од средствата подразбираат инвестиции во државните обврзници и поседување или закуп на недвижнини. Процените на Централната банка на Малта се дека оваа програма учествува со 2,5 % во БДП и дека придонесува за годишниот раст на вредноста на недвижнините за 7%.
Црна Гора е во позиција и самата да реализира значајна економска и општествена корист од воведувањето на проектот на државјанството низ инвестиции. НАТО членството и забрзаниот процес на пристапување во ЕУ претставуваат значајни дополнителни вредности кои можат да не позиционираат во овој нов бизнис кој расте со трендот на глобализација и миграција. Сигурноста и пристапот кон поголем пазар, квалитетот на живеење и даночните олеснувања се доминантни во определување на инвеститорите кое државјанство ќе го изберат, вели Кнежевиќ.
Геополитиката ситуација на Блискиот исток како и желбата на азиските милионери за европскиот и западниот пазар придонесуваат за раст на богатата имиграција. Само за Кина податоците говорат дека повеќе од 90.000 милионери ја напуштиле оваа земја во периодот од 2000 и 2014 година, а близу 50% од тие што се во Кина планираат да ја напуштат земјата во период од 5 години. САД, Канада и Австралија се главните дестинации за емиграција на богатите Кинези, а квалитетот на животот, квалитетот на животната средина и образованието се клучни фактори при изборот.
Во Црна Гора како медитеранска и европска земја, со прилично зачувана животна средина и веќе присутни кинески инвестиции и конкурентен даночен систем може да се најде простор за привлекување на богатите кинески имигранти. Притоа, се овозможува и интернационализација на образовниот систем низ партнерство со американските и британските универзитети.
Повеќе за анализата на Душко Кнежевиќ, претседател на Атлас Групата и Универзитетот Медитеран на следнот линк.

