Шест години трае војната, Сирија е распарчена од милиони тони експлозив, од битки на власта со опозицијата, на коалициските партнери против терористите. Шест години траат маките на милионите жители кои се раселуваат и мигрираат од земјата или преживуваат во нив.
Но, фудбалот во изминатиов период ги сплоти Сиријците, кои сега се на чекор до својот сон – да играат на Светско првенство. Фудбалот во Сирија ја победи војната. На сите маки, страдања, преживувања во шестгодишната војна, на измешаните емоции, фудбалскиот тим се издигна над политиката. Репрезентацијата поради случувањата не игра дома, почна од Оман, стигна до Малезија, 10.000 километри далеку од својата татковина, новите сириски херои на нацијата и донесоа барем малку утеха со успесите што ги направија. Ептен малку ги делеше од директен пласман на СП, па сега преку баражи ќе ја бараат шансата да ја испишат најубавата страница во овие црни шест години во кои светот е шокиран од злосторствата што се случуваа таму, од нападите со хемиско оружје, егзекуциите на милитантната ИСИС, курдско-турските пресметки, руската и американската интервенција за или против претседателот Башар Ал Асад…
Земјата е распарчена од тенковите на Асад, џиповите полни со бунтовници на ИСИС, индиректни „мировни бомби“ од различно потекло, но во Сирија се уште се игра фудбал. На 20 ноември 2016 година стартуваше Јубилејниот 45-ти национален шампионат, сириската Премиерлига и откако почна битките во фудбалскиот календар, имаше 60 борби во Сирија.
Кога на Гугл ќе ги напишете сите фудбалски тимови во Сирија и ќе ги преведете се добива чудесна слика – Армија, Достоинство, Авангарда, Слава, Конзерватизам, Слобода, Ал Џазеира, Хитин во А групата, Полиција, Единство, Обединување, Октомври, Борба, Ал Ватба, Лифт, Хулиган, Џихад, Бањас (рафинеријата) се во Б групата. Овие две групи ќе играат два круга, а првите три екипи од секоја група ќе го дадат шампионот. И во минатата година беше исто.

Војната не го уништи фудбалот во земјата, но во суштина му ја смени комплетната географија. Во минатото, претходниот цртеж на фудбалот беше преубав со патувања на 18 клубови во 10 градови. Од Дамаск и Латакија до Алепо и Баниас, па Деир ес Заур, Хомс, Идлиб…Сега истите 18 клубови играат само во два града – Дамаск и Латакија. Фудбалот е жив само во алавитската лента, контролирана од силите на Асад. На друго место фудбал не се игра.
Војната сериозно го попречи сирискиот спорт, почнувајќи од тоа дека семејствата се плашат да ги пуштат децата во спортксите академии, во пансионите во градот со цел добро да бидат обучувани“, вели Мовафак Џума, шефот на извршното биро на спортското министерство, инаку со чин генерал-мајор.
Во Ел Камишли на самата граница со Турција командата е на Курдите. Лоциран во состојба на опсада, Деир ес Зур, бисерот на Еуфрат е под контрола на силите на Асад. Околу него, многу километри е територија на милитантната ИСИС. Извештаите за автопатот Дамаск – Палмира -Деир ес Зур веќе долго време ги нема. Градот живее благодарение на возхухопловната база на Владата. Во декември на граѓаните, кои немаат ништо особено им беше дозволено да си заминат ако платат данок од 15.000 сириски фунти (80 долари). И тие што немаа и тие што имаа беа дел од локалниот клуб Ел Футвој, кој имаше една победа во шест кола.
Во Хама, моќта се смени многу пати што е малку веројатно дека дури и локалните жители ќе може да го вратат текот на настаните без да се изгубат. Има празни 20 илјади столчиња на стадионот. Како 20-те илјади во Баниас или 32-те илјади во Хомс. Чекајќи ги најдобрите времиња во Алепо, 75 илјаден национален дом, каде игра Итихад и националниот тим. За Светското првенство во Русија во 2018 година, Сиријците мечевите ги играт во Мускат пред 700 гледачи. Што да правите, кога Мускат е во Оман.
Но, играта патем е одлична. „Орлите од Касијен“ (Касијен е планина близу Дамаск) само еднаш загубија бодови во Јапонија. Сега обезбедија бараж за Мундијалот и ја продолжија битката да бидат дел од Светското првенство.
Патем стариот познаник Бернд Странге, исто така, страдаше од Сиријците. Неговиот Сингапур во борба не можеше да се справи со ѕвездата Омар Крибин, кој двапати ја погоди мрежата на домаќините. Кирбин не се меша во војната. Тој три години игра во Ирак. И таму нема да верувате – војна. Има и еден во Кашимпаша, Санхариб Малку, екс-фудбалер на Рода, кој е лидер на националниот тим.

На прес конференцијата пред мечот со Сингапур, тренерот на идните победници Фаџир Ибрахим дојде во маичка со ликот на Башар Ал Асад. Другиот гостин на пресот Осама Омари го поддржа својот тренер.
„Го направив тоа затоа што господинот Асад е наш претседател и ние сме горди дека овој човек се бори со терористи, се бори за Вас и го поддржува нашиот тим“, рекол Ибрахим, кого кога го прашаа за нападите во Париз додаде: Јас сум загрижен за мојата земја, чиј претседател е Асад. За Франција, немам што да кажам.
За фудбалскиот експерт за Средниот Исток, Џејмс Дорси нема дилема дека дел од репрезентативците го поддржуваат Асад.
„Нема сомнение дека некои од фудбалерите го поддржуваат Асад, но прашање во овој дел од играта, колку за нив е одлична идејата, затоа што некои од нив се плашат да се откажат поради војната најмногу поради роднините“, вели Дорси.
„Орлите од Касајин“ не се обидуваат да ја заматат водата со ништо.
„Сите ние играме за Сирија, муслимани од било која верзија на исламот, христијани…Ние сме сите едно семејство, се надевам дека војната ќе прекине и дека ќе се продолжи со најдоброто што може да се направи. Да се обединиме сите за сирискиот народ“, рече Абдулазак Ал Хусеин, капитенот на тимот пред дуелот со Јапонија.
Всушност и не е толку едноставно веќе долго време. Во 2011 година, голманот на Даис, Мусаб Балус беше уапсен за поддршка на бунтовниците од опизицијата дека давал засолниште на бунтовниците. Потоа исчезна на подолго време, но се појави во тимот во 2012 година.
Уште еден голман, Абделбасет Ел Сарута и покрај статусот на младите, стана еден од лидерите на бунтот во Хомс, а потоа се приклучи на ИСИЛ. Иако според најновите информации таму не му се допаднало, сега е во војната со Нусра, огранокот на Ал Каида во Сирија.

Повеќе на следниот ЛИНК – Спорт1

