Кутињо цело лето се поврзуваше со можен трансфер во Барселона, меѓутоа истиот не се реализираше. Сјајниот Бразилец остана во Ливерпул, а многу британски медиуми пренесоа дека тој бил исклучтено несреќен поради таквиот факт.
Сепак, се чини дека Филипе Кутињо е во многу подобро расположение него што медиумите соопштуваа. По враќањетона Енфилд приметен е како добро се забавува со соиграчите.
За неговото добро расположение можеби е заслужен и добро познатиот смисол за хумор на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Сепак, Клоп одлучи да ја разбие напнатоста со тоа што ќе го претстави Кутињо како нов играч на Ливерпул.
“Вчера во пресоблекувалната реков: ‘Па момци, поздравете ги нашите два нови играчи Оха и Фил!’. Се е во ред, апсолутно. Тој го сака фудбалот и го сака овој клуб“, го откри Клоп начинот на кој го претставил Кутињо пред своите соиграчи.