Луксузни хотели, ресторани низ светот и земјава, цвеќари и продавници за накит. Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски – трошел за се и сешто од службената картичка. Според документите што ги доби ТВ 24 – Димовски со државни пари платил 11 илјади денари во скопска продавница за накит. А со народни пари трошел и во цвеќара, каде платил нешто помалку од 50 евра. Службената картичка не ја штедел ниту за плаќање на телефонски сметки и полнење гориво. Во неколку наврати плаќал и во туристички агенции. Само во една туристичките агенции платил 90 илјади денари.
Но, со службената картичка, во март 2010 година Димовски потрошил приближно 15.000 денари кои ги уплатил во агенција за недвижности Импул во Капиштец. Често го посетувал ресторанот Оливе 1976 каде што сметките почнувале од 10.000 денари и достигнувале и до 18.000 денари.
Посетувал луксузни хотели. Во Радисон блу Ројал Хот потрошил 1.000 евра. Најчесто патувал за Русија и го посетува Голден ринг, каде плаќал од 1.600 до евра 3.000 евра за неколку ноќевања. Во хотел во Стокхолм платил скоро 1.100 евра, и уште 380 во друг хотел.
Екс министерот во повеќе наврати бил во позната пивница во Берлин, каде за само еден ден потрошил 110 евра. Но во истата пивница одел повеќе пати.