-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

„Фероинвест“ на Анѓушев доби тендер од ЕЛЕМ, потоа е поништен

Фирмата „Фероинвест“ на вицепремиерот Кочо Анѓушев доби тендер од 2,6 милиони евра во државната компанија ЕЛЕМ за набавка на гумени транспортни ленти за РЕК Битола, за чија набавка конзорциумот составен од Фероинвест и Озербанд од Турција, треба да добијат над 140 милиони денари.

За овој тендер, АД Електрани на Македонија досега одржал две аукции, но тие биле поништени по жалбата од фирмата „ССА Благуна ДООЕЛ Скопје“. Тоа значи дека следната недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер.

„Постапката за сегашниот тендер е почната во текот на мандатот на претходното раководство на АД ЕЛЕМ. Првата електронска аукција е одржана и поништена во текот на овој мандат, втората е одржана и поништена по доаѓањето на новото раководство, а следната недела ќе има јавно наддавање по трет пат. Тоа значи дека повторно сите заинтересирани фирми ќе учествуваат во аукцијата“ соопшти ЕЛЕМ.

Покрај „Фероинвест“ и компании од Полска и Бугарија се во тендерската трка за да ја услужат ЕЛЕМ со гумени траки за РЕК Битола.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, не е управител на фирмата „Фроинвест“, и во изјава пред медиумите, рече дека не гледал ништо спорно и дека нема конфликт на интереси со тоа што фирмата чиј сопственик е тој конкурирала за тендер на државната компанија.

„Јас не сум управител на ниедна компанија, но се надевам никој не очекува да ги затворам моите компании сега кога сум потпретседател на Владата. Не сакам да имам ниту една бенефиција од мојата функција, но од друга страна не можам да ги затворам компаниите. „Фероинвест“ работи 15 години и е мајка на сите компании. Во нејзини рамки се вработени 800 луѓе. Мислам дека сите треба да се научиме дека компаниите можат да работат ако тоа го работат транспарентно. Моите компании работат транспарентно и ќе продолжат така. За разлика од тоа кога некој се криел зад компании од Белизе“, изјави Анѓушев.

 

Нова ТВ

поврзани објави

Последни објави