Германскиот фудбалер Марио Геце знае како да ужива, дури и кога професионалната кариера не му е баш на завидно ниво.
После долга пауза поради повреда, кога прашање беше дали воопшто и ќе се врати на терен, Гетце успеа да се опорави и да одигра неколку натпревари, што засега е недоволно за враќање во репрезентацијата на Германија.
Додека неговите колеги се вратија во своите репрезентации, Гетце со својот долгогдишна девојка Анн Катрин Бромел отпатува на Мајорка, каде помина неколку дена на крстарење.
Гетце и неговата девојка не им побегнаа на шпанските папараци, кои го следеа овој заљубен пар и објавија нивни заеднички фотографии од луксузната јахта.
Гетце и Анн се во врска од 2012. година, а младата Германка многубројни медиуми ја нарекоа една од најубавие девојки на фудбалер во светот.