Бразилецот од Ливерпул Филип Кутињо во текот на претходното лето константно се поврзуваше со трансфер во редовите на Барселона. Меѓутоа, сите понуди на каталонскиот тим за сјајниот офанзивец беа одбиени, иако тимот од Камп Ноу понуди сума и од 160 милиони евра за услугите на овој фудбалер.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо тврди дека знае која е причината поради која не се оствари овој трансфер на бразилскиот фудбалер во Барселона. Тој истакна дека виновен за пропаѓањето на трансферот е заминувањето на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра.
Трансферот на Нејмар уништи се. За трансферот на Пол Погба да остане најголем во историјата, верувам дека Филипе Кутињо би завршил во Барселона за 101 милион фунти“, рече Мурињо.
Кутињо оваа сезона уште не заиграл за Ливерпул.