Австралискиот премиер Малком Трнбол вчера објави фотографија на која во едната рака држи пиво, а во другата – внука му, и со тоа предизвика мешани чувства и реакции на Фејсбук.
– Срамота е да држиш дете и алкохол, напиша една гледачка под објавата на фотографијата од трибините на фудбалски натпревар, која Трнбол ја нарече „Мултитаскинг на мечот”.
– Да ги учиш децата да пијат пиво на натпревар од најрана возраст. Страотен родител, нема збор, гласи друг коментар.
Сепак, објавата досега има 16.000 лајкови и над 1.600 коментари, од кои многу се и позитивни.
– Јас гледам дедо, кој минува пријатни моменти со своето внуче. Ете тоа е австралиско, напиша друга следачка.
На крајот се јави и Трнбол.
– Мислам дека избрзуваме со заклучоците на социјалните мрежи, кога гледама вакви нешта. Ако еден човек се чувствува добро во својата кожа и се однесува примерно, нема потреба да прави нешто друго, рече тој за радиото Трипл М.