ПСЖ ова лето троши како никогаш порано. Прво во клубот пристигна Нејмар кој е платен 222 милиони евра, да пред крајот на преодниот рок во Париз да дојде и супер талентираниот Мбапе кој сопствениците ќе ги чини околу 180 милиони евра.
Тоа значи дека екипата на Сити е три милиони евра посакапа од онаа на ПСЖ, со обзир дека вредност на екипата на Парижаните е проценета на 850 милиони евра.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на трето место на листат на најскапи екипи, а екипата на Црвените Ѓаволи моментално вреди 784 милиони евра. Инаку, Манчестер Јунајтед минатата година го зазеде првото место на оваа листа, но вредноста на екипата од Олд Трафорд ова лето порасна за само 73 милиони евра, па Сити и ПСЖ оваа година го престигнаа тимот на Мурињо.
Треба да се истакне дека клубовите од Премиер Лигата доминираат кога станува прашање за најскапи клубови, па во ТОП 10 се наоѓаат дури шест англиски фудбалски клубови.