8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Трамп: САД не може да бидат заплашени

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Пентагон одржа говор по повод годишнината од терористичките напади кои што се случија на 11 септември 2001. година и кажа ека САД не може да бидат заплашени, а оние кои тоа го посакуваат ќе се придружат на долгата листа поразени непријатели кои се осудиле да ги тестираат.

На првата комеморација од годишнина од нападите, Трамп нагласи дека сите државјани на САД тагуваат за секој од речиси 3.000 животи колку што беа изгубени во нападите пред 16 години.

Трамп оцени дека тој напад бил полош од нападот врз Перл Харбур за време на Втората светска војна кога цел биле цивили. Тој вети дека такво нешто никогаш нема да се повтори.

– Терористите кои не нападнаа мислеа дека може да ни втераат страв и да го ослабат нашиот дух. САД не може да бидат заплашени и оние кои се обидуваат ќе бидат дел од долгата листа на поразени непријатели кои се осудиле да не тестираат, изјави Трамп во Пентагон.

Тој вели дека САД се обединети и „ниту една сила во светот не може да ги раздели“.

Со минута молчење во 8.45 по локално време во Вашингтон почна одбележување на 16 години од терористичките напади во САД на местото каде беа кулите близначки од Светскиот трговски центар во Њујорк. Комеморацијата почна во време кога авионот киднапиран од терористи удри во северната кула од тој центар.

Терористи од Ал Каеда на 11 септември 2001. година киднапираа 4 патнички авиони и со нив извршија самоубиствени напади врз Светскиот трговски центар во Њујорк како и врз Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион се урна близу Шенсквил во Пенсилванија.

поврзани објави

Последни објави