13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Кошаркарот Дејан Јовановски во дресот на ВМРО-ДПМНЕ за Центар

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Дејан Јовановски ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги објави скоро сите кандидати за градоначалници за престојните избори, но до последен момент го чуваше во тајност името на кандидатот за Општина Центар.

Дејан Јовановски ќе му се спротистави на Саша Богдановиќ од СДСМ во трката за градоначалничката фотелја во Општина Центар.

Јовановски е поранешен кошаркар кој во периодот 2012-2013 година бил спортски директор на Работнички, а подоцна работел и во Агенција за млади и спорт.

Во мај 2016. беше назначен за генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација, но по неполн месец се повлече од позицијата, а од 30. јули е и во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави