fbpx
7.8 C
Skopje

Македонија дел од Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната

АКТУЕЛНО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со писмо ја информирал министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека е прифатено барањето на Владата, Република Македонија да биде дел од Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Во писмото до министерката Шекеринска, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, посочил дека е добредојдено барањето за приклучување кон оваа програма и дека во следниот период тим од Секторот за политички прашања и безбедносна политика на НАТО ќе организира студиска посета на Македонија за утврдување на поддршка која е потребна.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -