Новите кинески сопственици навистина им донеса на навивачите на Милан многу причини за радост ова лето. Преодниот рок за славниот клуб од „Сан Сиро“ беше феноменален. Пристигнаа неколку големи засилувања, но не планираат да застанат тука.
Едно од засилувањата на „Росонерите“ е Андреа Конти, кој доживеа потешка повреда на лигаментите и поради тоа најверојатно ќе отсуствува во следните шест месеци.
Поради ова Милан се насочува кон играчот на Барселона Алеиш Видал, кого на „Сан Сиро“ го гледаат како идеална замена за Конти. Некогашниот дефанзивец на Аталанта пристигна летово како најскап бек во италијанскиот фудбал, но тешката повреда ќе го одалечи од терените.
Имајќи го тоа предвид, на „Росонерите“ им е потребна замена на десната бековска позиција, а „Мундо Депортиво“ навестува дека тоа би можел да биде токму Видал кој не е во плановите на Барселона и би можел некаде да замине на позајмица.
Каталонците во текот на летото вложија голема сума на пари за трансферот на Нелсон Семедо кој е прв избор на десната бековска позиција, а Видал и претходно се споменуваше како мета на Милан.
Извор: Sportclub.mk