Според информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека англискиот премиерлигаш Евертон ќе го казни својот фудбалер, Вејн Руни, со две неделни плати, поточно 320.000 фунти.
Фудбалерот на Евертон го прифати обвинението дека возел во алкохолизирана состојба, судот му ја одзеде неговата возачка дозвола на 24 месеци а дополнително го казни и со една година опшстествено корисна работа.
Инаку Руни упати извинување до фановите на Евертон, воедно и јавно се извини до сите во клубот, менаџерот, претседателот, а притоа издвои дека тоа го направил и во неговото семејство.