4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Проштален говор на Дел Понте: Си одам поради неказнетите злосторства

Карла дел Понте во прошталниот говор од Истражната комисија за Сирија при Обединетите нации изјави дека ја напушта позицијата поради неказнувањето на злосторствата што се случуваат во Сирија.

Дел Понде, поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, минатиот месец објави дека ја напушта Истражната комисија за Сирија при ОН, која собираше докази за злосторства направени во Сирија од почетокот на граѓанската војна во оваа земја во 2011 година.

„Седум години злосторства во Сирија, а никој не е казнет. Тоа е неприфатливо“, рече Дел Понте во своето обраќање пред Советот за човекови права при ОН.

поврзани објави

Последни објави