-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шахпаска: Исполнето е ветувањето за зголемување на минималната плата

ФОТО: А1он

„Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажаа дека Зборот навистина е збор. Остварена е една од клучните мерки од предизборната програма и од Програмата на Владата. Усвоен е Законот за минимална плата и таа од октомври ќе изнесува 12 000 денари.

Тоа значи дека веќе од октомври, околу 130 000 работнци ќе добиваат повисока плата. Истовремено, се брише неправдата кон работниците во текстилната, кожарската и индустријата за обувки и тие ќе ја добиваат истата плата и веќе нема да бидат дискриминирани и да земаат помала минимална плата од законски утврдената, како што беше досега.

Зголемувањето на минималната плата носи повеќе пари во семејните буџети, ја исправа неправдата кон вработените во одредени индустрии и истовремено ја отвора спиралата за севкупен раст на платите.

Покрај Законот за минимална плата што беше усвоен вчера, денеска на дневен ред се уште два закона со кои ќе се подобри квалитетот на живот на сите категории граѓани. Очекуваме денеска да биде усвоен и популарно наречениот Закон за стечајци со кој околу 3000 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 7596 денари, како и измените во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги со кои ќе се укине радиодифузната такса.

Ги повикуваме пратениците од сите политички партии да дадат поддршка за овие закони кои го подобруваат животот и носат повеќе пари назад кај граѓаните. Да покажеме дека можеме да работиме заедно во интерес на граѓаните“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави