Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинад ќе започне нова спортска кариера, односно ќе биде професионален боксер.
38-годишниот Фердинад се повлече од фудбалот пред две години, а сега ќе се натпреварува во серија бокс мечеви со надеж дека ќе го освои шампионскиот појас.
“Боксот е фантастичен спорт и за телото и за умот. Секогаш сум имал голем интерес и страст за боксот но престојниот предизвик е вистинска шанса да им покажам на луѓето што можам да направам. Нормално не секој може да стане професионален боксер, но со тимот на експрети кој го имам околу мене мислам дека ќе успеам, се е можно“- изјави Фердинанд.
It's happening… Can’t wait to get started with the team @betfair have put together, @richiewoodhall and @meldeane 🥊 #DefenderToContender pic.twitter.com/s6AmLRo7DN
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) September 19, 2017