11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Авторитети“

Заев причекува во заседа за да се слика, а на Иванов му намигнуваат. Тоа се македонските успеси, кога се работи за претседателите на САД, сегашниот Трамп и поранешниот Обама.
Еве ви причина плус за да бидете ЗА членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Ако не сакате вашите државни лидери да се однесуваат како средношколци, кои прават најразлични шеми и трикови само за да добијат 5 минути слава, треба многу убаво да размислите за тоа, каква иднина на Македонија би поддржале.

За мене лично е понижување, првите луѓе на мојата држава да изиграваат дворски шутови за да ја прикажат својата „важност“ преку фотографија со претседателот на САД. Не е проблемот ниту кај Обама ниту кај Трамп. Проблемот си е кај нас и нашите комплекси.

Заев треба да го избрка на клоци сиот свој PR тим. Се сретнал со Трамп… и за помалку од две три секунди, успеале да се изнаправат муабет. „Зоки, како е по дома, Грујо мирен је“? „Арно е Дон, ќе го решам сеа на локалниве и нема кај да оди“. Дајте бре нешто посериозно. После зашто Милошоски се заебава со својот наследник Димитров? Партиски фори се тоа, кога му се местите ќе ве заебава, ферски е.

Се додека Македонија е надвор од двата клуба на големите Европската Унија и НАТО, претставниците на државниот врв ќе се молат за трошка внимание од страна на Трамп и тие што ќе го наследат на претседателската функција. Тоа е факт од кој нема бегање. Авторитетот на македонските „државници“ не тежи, кој знае колку и за жал е географски лимитиран. Тоа треба да се промени, по секоја цена.

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

Последни објави