Сезонскиот грип си ги зема првите жртви во Македонија. Две малолетни деца на возраст од 3 и 4 години починале во Клиниката на детски болести. Тие биле хоспитализирани во тешка здраствена состојба како итни случаи, на само два дена пред Нова година.
„Оваа година имавме повеќе деца со енцефалит, за жал две од нив починаа. Штом е дијагностицирана болеста, веднаш се испратени на Интензивна нега и направено е се што треба од давање на тамифлу, симптоматска терапија, но за жал, таа борба не ја добиваме секогаш“ – изјави д-р Филип Дума.
Кај едно од починатите деца било дијагностицирано хронична болест, додека кај другото церебрална парализа. Тие биле навремено хоспитализирани, со овие хронични болести, во комбинација со грипот биле пресудни за нив.