14.6 C
Skopje
Tuesday, May 20, 2025

Трагедија: Загина 9-годишно фудбалерче на Јувентус – цел гол паднал врз него!

Страшна трагедија се случи на тренинг на младински камп на Јувентус. Во една сала во Менхетен, животот го загубил деветгодишниот Томасо Черазе.

Детето висело се истегнувало на рамката од голот, кога тој паднал врз него. Загубил свест и се гледало дека е многу лошо повреден. Веднаш бил пренесен во болница, по некое време таму констатирале дека повредите на главата биле многу тешки и дека починал.

За да биде настанот потрауматичен, на целата глетка присуствувала и неговата мајка. Во тек е истрага за несреќата.

„Денеска нашиот драг син Томасо почина во трагична несреќа на неговиот фудбалски тренинг. Тој беше полн со живот и со радост. Во овој момент семејството бара почит на нивната приватност, за да можат мирно да ја тажат својата загуба. Тој беше одлично момче“, изјавил пријател на семејството.

Фото

Извор: Спорт1

поврзани објави

     

Последни објави