24.8 C
Skopje
Monday, July 14, 2025

(Видео) Шоу на Роналдињо: Бразилецот и понатаму има магија во нозете

Формата е минлива, класата е вечна…

Роналдињо и понатаму продолжува да ги воодушевува сите фудбалски вљубеници. Сега тоа не е на фудбалските терени, туку онаму каде што ги имаше првите контакти со топката, на футсал терените. Бразилецот, имено, настапува за екипата на Делхи Драгонс, екипа од индиската футсал лига, а во вчерашниот натпревар постигна хет-трик, а од тие три гола, еден навистина беше спектакуларен.

Неговите соиграчи успеаја да одземат една топка во одбраната и потоа му ја додадоа топката, а бразилскиот волшебник ја пропушти топката за да мине низ нозете на голманот, за потоа лесно да ја смести во мрежата.

 

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

     

Последни објави