11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Македонија храбро и со победа го отвори СП во Франција: Тунис го осети гневот на Македонците

Македонската ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Светското првенство во Франција, совладувајќи ја селекцијата на Тунис со конечни 34:30 (13:14).

Нашата селекција подобро влезе во мечот откако забележивме почетни 2:0, а во текот на првото полувреме целовремено се играше гол за гол, за на крајот тунижаните да заминат на пауза со еден гол предност, 13:14.

Репрезентацијата на Тунис влезе посилно во второто полувреме, па во еден период имаа позитива од +4. И покрај неисукството на корејската судиска двојка, нашите ракометари храбро се бореа, успеаја да ја анулираат негативата, а потоа следуваше и серија, каде нашите ракометари ја поставија и највисоката разлика на овој натпревар од +5 голови. До крајот на натпреварот Тунис само успеа да ја намали оваа разлика, а конечниот резултат на семафорот изнесуваше 34:30.

Најефикасен на овој натпревар беше капитенот Кирил Лазаров со 12 постигнати погодоци, а веднаш зад него беа Манасков и Стоилов со по 7 погодоци. Во сабота нашата репрезентација ќе се соочи со аутсајдерот Ангола со почеток од 20:45.

поврзани објави

Последни објави