Пратеникот Фадиљ Зендели од Движењето Беса рече дека оваа парламентарна партија ќе даде поддршка на законот за употреба на јазиците.
„И после 16 години албанскиот јазик со овој закон не станува службен јазик.Оној што се донесе во 2008 беше закон за преведување од македонски на албански и обратно. Сега во 2017 имаме законско решение , но и тука не станува збор за службен јазик, туку само за негово унапредување и правните норми со кои е пропишан јасно го кажуваат тоа. Ние ќе го поддржиме, но како политички субјект ќе се бориме барања на Aлбанците да бидат исполнети во целост#, рече Зендели.