7.8 C
Skopje
Sunday, October 27, 2024

Парите не му ја затворија устата: ТЕВЕЗ БРУТАЛЕН спрема Кинезите

Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез од почетокот на оваа година игра во кинеската лига каде што стана најплатен фудбалер на светот. Многу неговиот, но и потегот на останатите големи ѕвезди од фудбалскиот свет кои се одлучија да заминат во Кина го осудија дека единствено парите се тие поради кои што заминале, што е и вистина.

Многу би помислиле дека Тевез поради големата сума на пари која ја зема ќе зборува се најдобро за кинескиот фудбал, но сепак тоа не е така. Тевез во последната своја изјава беше многу реален.

Во јужна Америка и Европа играчите се учат да играат фудбал од своето детство, но тоа не е случај во Кина. Кинезите не се добри технички, а фудбалот е многу различен. Поради тие причини сметам дека дури ни за 50 години кинескиот фудбал нема да биде во рангот на европскиот, рече искрениот Тевез.

поврзани објави

Последни објави