Реал Мадрид резултатски лошо ја почна новата сезона во Ла Лига, но на финансиски план работи одлично.
Седумте бода негатива во однос на Барселона брзо се заборавени во клубот откако раководството потпиша нов договор со авио компанијата Флај Емирејтс чие лого ќе стои на белите дресови до 2022 година. Договорот е со важност од идното лето, а за четири сезони Реал ќе заработи вкупно 280 милиони евра или по 70 годишно.
Ова е најголем договор во историјата на фудбалските спонзорства. Реал ги надмина Манчестер Јунајтед кој од Шевролет инкасира 62 и Барселона со 55 милиони евра од Ракутен и повторно застана на чело според приходите од оваа ставка.