15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Александрова: Студентите повторно ја почувствуваа на своја кожа суровоста на СДСМ

„Студентите повторно ја почувствуваа на своја кожа суровоста на СДС на дело.

СДС им укина еден од трите оброци кои им следуваат секој ден на студентите кои престојуваат во студентските домови. Сега наместо 3 оброка на трошок на државата, тие ќе можат да јадат само 2.

СДС за жал секој ден остава гладни илјадници студенти. Додека министрите на СДС јадат морски плодови, морска храна, апетисани и слично, илјадници студенти ќе останат гладни, благодарение на СДС.

Богоев, Туфегџиќ, Заев, Дескоска и сите останати, кои ветуваа подобар студентски стандард, сега откако седна во своите удобни функционерски фотелји веднаш удрија по грбот на илјадници студенти.
Со оваа антиреформа, илјадници студенти се оштетени, а нивните родители ќе мораат да одвојат повеќе пари од семејниот буџет, за да им дадат на своите деца да не останат гладни.

Ова е животот кој го ветуваше СДС. Овој нечовечки однос кон студентите е само уште еден доказ дека на СДС воопшто не им е гајле за ништо. Единствено им е гајле за луксузот на државна сметка.

На 15-ти октомври, студентите ќе стават крај на ваквото сурово однесување од страна на СДС. Ваквиот нечовечки и суров однос кон млади луѓе, ќе им нанесе огромен пораз на СДС“, изјави Сара Александрова, ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави