Северна Кореја изминатиот период е на удар на светската јавност поради новите тестирања на ракета, а среќата или пак несреќата да се најдат во оваа комунистичка држава во тој период ја имала и фудбалската екипа на Бенгалур од Индија.
(Патрали на споменатиот меч – во плав дрес од левата страна со број 46)
Интернационалецот од Австралија кој ги брани боите на споменатиот клуб, Ерик Партали имаше стравнично сведоштво за она што доживеал тој и неговите соиграчи од клубот во Пјонгјанг.
„Додека се подготвувавме за мечот и одмаравме во хотелот не дочека непријата вест од еден новинар кој беше со нас дека пролетала нуклеарна ракета покрај хотелот и можела да се погледне убаво. Тоа не вознемири сите, си помисливме да бегаме од овде“, изјави Партали.
Сепак и покрај ова тие отишле на тренинг и го одиграле следниот ден натпреварот но ги чекало ново непријатно изненадување.
„Цела опрема, дресови, копачки, топки исчезна на денот на мечот, па бевме приморани да купуваме нови. Но тоа не беше се, само што купивме, нашата стара опремата изненадувачки повторно беше на место. Кога заминувавме полетавме од аеродромот каде што се лансирашет ракетата, чувството беше навистина лошо“ вели на крај од своето сведоштво овој фудбалер.
Бенгалур од Северна Кореја се врати со реми од 0-0 против домашниот тим во меч од АФЦ Купот (Азиска верзија на Лигата на шампионите). Мечот се одигра на најголемиот стадион во светото „Мај Дан“ кој е со 150.000 капацитет но овој меч го следеле скромни 8000 гледачи. Ова беше полуфинале во кој севкупен победник е тимот од Индија со оглед на тоа што на првиот меч славеше дома со 3-0.