Во рамките на активностите на Генералното собрание на ОН во Њујорк, премиерот Заев присуствуваше на приемот што го приреди германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, за сите шефови на делегации на Генералното собрание на ОН.
На приемот премиерот Заев разговараше со министерот Габриел за реформите од планот 3-6-9 кои се во тек кај нас, согласно со извештајот на Рајнхарт Прибе, но и за важноста на поддршката од Германија за напредок во интеграциите на Македонија во ЕУ веќе идната година.
Министерот Габриел изрази силна поддршка на реформите и истакна дека резултатите од овој процес ќе бидат соодветно вреднувани согласно со насоките од европските институции.